Бостон на чекор до конференциско финале!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 11.05.2017 - 11:20

Бостон победи со 123-101 против Вашингтон и да поведе во серијата со 3:2.

Претходно Бостон забележа два пораза на гостувањето во Вашингтон, и овој пат беше подготвен да се врати на победничката патека. Во редовите на Бостон предводник на тимот беше Ејвери Бредли со свој личен плејоф рекорд од постигнати 29 поени, а беше следен од одличниот Ал Хорфорд со 19 поени, 6 скокови и 7 асистенции.Придонес во победата дадоа и Ајзеа Томас и Џае Краудер кои постигнаа по 18 поени.Во редовите на тимот од Вашингтон најефикасен беше Вол со 21 поен. Сега Бостон е на чекор од една победа до конференциското финале на „Истокот“. Шестиот натпревар се игра оваа сабота со почеток во 2 часот наутро. Гледаме и навиваме!