Данил Шишкарев и в година во „црвено-црниот“ дрес на Вардар

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 18.05.2017 - 16:11

Македонскиот ракометен колектив Вардар и покрај тоа што се уште е во тек актуелнава сезона активно работи на склопување на составот за наредната, па во изминатиов период се продолжува соработака со дел од првотимците.


Соработката веќе ја продолжија Вуко Борозан, Игор Карачиќ, Илија Абутовиќ, а пак денеска Вардар информираше оти е обновен договорот и со Данил Шишкарев. Рускиот интернационалец и управата на македонскиот повеќекратен ракометен првак се договорија тој да остане во Скопје и во натпреварувачката 2017/2018. Десното крило е дел од Вардар од 2014 година и беше дел од тимот кој освои две шампионски титули во Македонија и двапати беше победник на СЕХА Гапром лигата.