Екипата од филмот The sisterhood of the traveling pants повторно се собраа

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 17.05.2017 - 17:22

Амбер Тамблин, Алексис Бледел, Блејк Лајвли и Америка Ферера се собраа во понеделникот на воодушевување на сите фанови од филмот Sisterhood of the traveling pants.

Актерките пристигнаа во Њујорк на премиерата на филмот Paint in black како би ја подржале Амбер, која се најде во улога на режисер.

Четирите актерки последен пат се појавија на филмското платно во второто продолжение на филмот во 2008 година, но останаа добри пријателки и често се дружат и постираат заеднички слики на социјалните мрежи. Алексис од неодамна изјави дека е во план и трето продолжение на филмот и дека сите актерки се возбудени што повторно ќе работаат заедно.