Лина Ѓорчска за најдобар ранкинг во кариерата

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 15.05.2017 - 15:26

Македонската гордост, Лина Ѓорческа имаше скок од една позиција на последната ВТА листа, дојде на 180. позиција и најдобриот ранкинг во кариерата.


Изминатава недела најдобрата македонска тенисерка стигна до полуфиналето на турнирот во Рим, па добриот настап во престолнината на Италија и донесе напредок на најновата ВТА листа. Со скок од едно место, Лина Ѓорческа се најде на 180. позиција и најдобриот ранкинг во кариерата. Таа имаше напредок и во двојки, каде скокна две места и сега е на 130. позиција. Новата ВТА листа донесе и промена на врвот, Анџелика Кербер сега е прва пред Серена Вилијамс и Каролина Плишкова.