Мајли: "Тоа е мојoт ноќен кошмар“

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 18.05.2017 - 11:11

Мајли Сајрус позната е по скандалите, но сигурно ќе остане позната по спотот за Wrecking ball, односно како гола девојка која се ниша на топка.

Иако спотот и песната имаат голем број прегледи, Мајли призна дека се кае заради познатите сцени.

“Тоа е нешто што не може да го вратите, нишање без облека на топка останува засекогаш. Еднаш кога ќе го направите тоа, тоа е за сите времиња. Секогаш ќе бидам голата девојка на топка. Тоа е мојот најголем кошмар, тоа видео да се пушти на мојот погреб.“ - изјави младата пејачка.