Од табла до насловна. Оваа професорка е новата модна икона

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 12.05.2017 - 17:41

Дека животот може да биде непредвидлив и дека може целосно да го смени текот докажува и оваа приказна за една неверојатна госпоѓа и нејзината трансформација.


Кога Лин Слатер, професорка на Фордхам Универзитетот, отишла со пријателите на ручек, не ни замислувала дека животот ќе и се промени засекогаш. Странските новинари ја опколиле мислејќи дека е модна икона, а на тој начин го привлекле вниманието на минувачите. Тоа бил нов почеток во нејзиниот живот - од едноставна и скромна професорка, стана модел.

Лин не била типичен модел на високата мода. Таа ја осудува дискриминацијата, како во модата така и во секојдневниот живот, како и облекувањето во склад со годините.

Моментално, таа има потпишано договор со светски познатата модна компанија Елит Лондон, а работеше и за познатите модни брендови како Манго и Уникло.