Пејачот Крис Корнел извршил самоубиство

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 19.05.2017 - 15:58

Пејачот на групата Саундгарден Крис Корнел почина во средата по концерт во Детроит. Музичарот имаше 52-години.

Неколку часа откако веста ги шокираше роднините на музичарот, како и милионите негови фанови, станува извесно дека најверојатно станува збор за самоубиство.

Корнел се самоубил со бесење.Тоа го потврди службата за судска медицина во округот Вејн. Весникот Mirror пишува дека телото на Корнел е пронајдено на подот во бањата на хотелот од негов близок. Претставник на полицијата во Детроит изјавил за весникот дека истрагата е за наводно самоубиство.

Десетици ѕвезди од музичкиот свет, меѓу кои Џими Пејџ, Нил Роџерс оддадоа почит на пејачот.