Се соблече на сред настап на Евровизија

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 14.05.2017 - 17:35

Виталиј Седиук, момчето од Украина кој е познат по неговите шеги кои често вклучуваат упаѓање на свечени настани и церемонии, овој пат се реши за Евровизија 2017.


Тој замотан во знамето на Австралија истрча на сцената за време на настапот на претставничката на Украина, Џамала и го покажа голиот задник на публиката и камерите.

Обезбедувањето брзо реагираше и го симна од сцената, но сепак беше предоцна бидејќи камерите го уловија овој момент.