Се враќа телефонот на преклоп

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 19.05.2017 - 13:10

Откако Nokia ја објави новата верзија на легендарниот модел 3310, компанијата Samsung дојде до идеја да ги оживее мобилните телефони на преклоп кои беа хит пред повеќе од 10 години.

Овој модел засега го нарекуваат W2017, а станува збор за спој на модерен паметен телефон и ретро дизајн.

Samsung W2017 ќе го има Snapdragon 820 процесор, 4GB RAM исто како на Galaxy S7, водоотпорен, има скенер за отисок на прст, 64GB внатрешна меморија, 12 мегапиксели задна и 5 мегапиксели предна камера.

Овој модел ќе биде достапен за ограничен број земји, а се очекува Кина да му биде главен пазар.